Благајничка во Институтот за јавно здравје украла половина милион денари, пари што ги уплаќале пациентите во Институтот, соопшти Управата за финансиска полиција.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување, Управата за финансиска полиција до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето Л.Р. во својство на благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје која со цел да прибави противправна имотна корист за себе во текот на 2016 година во повеќе наврати присвоила доверени парични средства од извршена наплата од пациенти на благајната на Институтот при што затаила 547.329 денари со што го оштетила Буџтот на ИЈЗ- соопштија од Финансиска.