Поротникот кој поднесе оставка во предметот „Тортура“ на СЈО, се откажал од ангжманот поради семејни причини, велат од судот.

– Еден од судиите-поротници кој е дел од судечкиот совет кој постапува по конкретниот предмет за кој прашувате го извести судот дека се откажува од функцијата судија-поротник поради семејни причини, заради што Судскиот совет на РСМ има донесено одлука за престанок на функцијата по сопствено барање. Со цел ефикасно водење на постапката веднаш е назначен нов судија-поротник, а во однос на Законската обврска на изменетиот судечки совет предметот да почне отпочеток, станува збор за формални дејствија кои може да се завршат во едно рочиште како не би имало дополнително одолговлекување на предметот и доследно почитување на начелото за судење во разумен рок – одговорија од судот.

Во одговорот се посочува дека судот не може да им наложи на поротниците до кога да ја извршуваат функцијата.

Судот нема никакви овластувања на било каков начин да им наложи на судиите-поротници да ја извршуваат функцијата спротивно на нивната воља, но мора да се има предвид дека тие се претставници на граѓаните во судските проциси и се гаранција за владеењето на правото и почитување на зконите.

Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки, и уште петмина „алфи“. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.