Зоран Ставрески, бил повикан на информативен разговор во Финансиска полиција минатата недела, потврди директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, без да открие за поради кој предмет е повикан поранешниот министер за финансии.

– Зоран Ставрески беше повикан на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и си отиде откако го даде исказот пред припадниците на Финанскиска полиција – изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.

Поранешниот министер беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).