Синоќа нешто по 19 часот, полициски службеници од тетовската полициџија ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовскиот фудбалски клуб „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на фудбалскиот клуб „Кадино“ од истоименото скопско село.

Како што информираат од МВР, приведувањето били поради нивна вмешаност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.

Покрај тоа, 20-годишниот фудбалер на „Тетекс“ удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.

Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.