Полски навивачи вчера попладне се степале во кафуле во Скопје, во близина на плоштадот „Македонија“. Најмалку четири лица се приведени, јавува Макфакс.

Кога пристигнала полицијата да интервенира, дел од учесниците во тепачката почнале да бегаат, но биле фатени.

Полските навивачи се дојдени во Скопје за денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ во квалификациите за Европското првенство во 2020.