Фото: Илустрација

Сообраќајна несреќа што се случи денеска во 13:55 минути го прекина сообраќајот на патниот правец Струмица-македонско-бугарска граница.

Според информациите од портапролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска, во сообраќајката учествувале три патнички возила на излезот од селото Дабиле кон селото Босилово.

Доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при струмичката болница информира дека се донесени три лица кај нив, но без потешки повреди.

-Примивме две девојчиња и една повозрасна жена. Децата се без видливи траги на повреди, а бабата има мала повреда на коленото, рече доктор Гошев.

На местото на несреќата трае увидот од страна на полицијата, а сообраќајот е се уште во прекин.