Основното јавно обвинителство на својата веб страна попладнево информираше дека надлежен обвинител поднел Предлог за определување мерка – Притвор према Митко Чавков согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

Тие во соопштението велат дека по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.