Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска, како превенција од ширење на корнавирусот, регистрирани се 466 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.