Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Луѓе сами го гаснат огнот за да не го зафати селото Страчинци. Засега тоа не е во опасност, благодарение на жителите, но пожарот и натаму беснее.

Се работи за непристапен предел, а ветерот му помага на огнот да се шири многу брзо.

Вчера изби пожар над селото Страчинци, на Скопска Црна Гора, каде што гореше нискостеблеста шума.