Полицијата трага по 88-годишен скопјанец, кој го напуштил домот и заминал во непознат правец.

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Р.Е.(45) од Скопје, пријавил дека неговиот татко И.Е.(88) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, по претходна семејна расправија, се оддалечил од својот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.