Изутринава, во 4 часот, во Полициската станица Аеродром, А. С. (56) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил синот В.С. (27) од Скопје, кој боледувал од епилепсија и кој и претходно во неколку наврати го напуштал домот и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.