Синоќа по полноќ, при интервенција на улицата „Димче Милошевски“ во Гази Баба, полицијата упаднала на семејна веселба по поплака за гласна музика.

– А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник. Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станицa – информираат од МВР.

Приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи ја организирал семејната веселба, спротивно од препораките.