Полицијата вчера растури забава во викендичка во скопско Волково.

Приведени се 29 лица, меѓу кои диџејот и сопственикот на објектот.

Сите биле однесени во полициска станица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Полицајците постапувале по претходни оперативни сознанија.

– При претрес, кај диџејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – велат од МВР.

Ова е втора забава во изминативе два дена која е прекината од полицијата. Во петокот, во стан во Скопје беа уапсени 13 лица кои биле фатени како слават, спротивно на забраните од Владата. И овде беа пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога.

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, Владата забрани собирања и групирања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави зајакнати контроли во идниот период.