Синоќа во 01.28 часот по добиена пријава, полициски службеници извршиле контрола во стан на булеварот 8 Септември, во кој престојува П.П.(25).

При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.