Полицијата пронајде пет Пакистанци и Индиец во автомобил што по бегство од полицијата бил оставен од возачот на влезот на село Речица.

На регионалниот пат село Речица – село Ваксинце ноќеска во 00:50 часот полициски службеници дале знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но автомобилот не запрел и се упатил кон село Речица.

– Возилото е пронајдено оставено покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот. Во возилото се пронајдени пет лица од Пакистан и едно лице од Индија, по што се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка – информира МВР.