Фото: Игор Бансколиев

Откако полицијата ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите на СЈО.

Според информациите, во зградата на специјалното обвинителство се врши претрес, најверојатно во канцеларијата на Јанева.

Наводно се бараат предмети кои би послужиле како доказ во истрагата за „Рекет“.

Специјалната обвинителка е осомничена во случајот и за неа неофицијално има одредени докази, иако вчера се чинеше дека и покрај сè таа нема да биде опфатена со случајот.

Иако нема информации што изјавила вчера во Обвинителството, неофицијално се дознава дека според одредени докази до кои е дојдено се укажува на неа како дел од синџирот за рекет.