Во вечерните часови на 18 јуни, на булеварот „Кочо Рацин“, скопската полиција уапсила 24-годишник од Студеничани кога при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „ХС2000“, во калибар 9 милиметри, со седум куршуми.

Уапсениот не поседувал дозвола за пиштолот, а при извршената проверка констатирано било дека тој бил во сопственост на МВР.

Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.