На подрачјето на секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола и откриени се 27 технички неисправни возила. Најголемиот број од нив имале неисправни сопирачки и други системи и опрема. Во акциската контрола, исто така, откриени се 11 возила со истечена сообраќајна дозвола и други прекршоци, како и 7 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит. Утврдените прекршоци заокружени се со соодветни прекршочни и мандатни платни налози и со барања за поведување на прекршочна постапка.

Контроли биле спроведени и на подрачјето на Штип. Притоа, контролирани се вкупно 135 возила од кои 50 се упатени во станица за технички преглед. Од извршената контрола било констатирано дека седум возила биле технички неисправни. Исто така било констатирано дека две биле со измината важност на сообраќајната дозвола и четири биле нерегистрирани. Преземени се и 32 мерки за констатирани прекршоци од страна на возачите, односно шест возачи се исклучени од сообраќај, издадени се 12 мандатни платни налози, 12 прекршочни платни налози и 2 писмено предупредени возачи. Преземени се 4 мерки за непрописно паркирани возила и издадени се 4 мандатни платни налози.