Вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Каменолом“, во скопското село Долно Свиларе, за време на воведената мерка за ограничено движење, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.М.(45) и 17-годишник од селото Горно Свиларе од една страна и Ј.Ј.(30), М.Ј.(25) и Б.Ј.(28) од селото Долно Свиларе, од друга страна. По документирање на случајот ќе следуваат и соодветни поднесоци, информира МВР.