Седум танчерки биле приведени ноќеска во полициска акција во гостиварското село Добридол, информира полицијата.

Според истиот извор, при акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на Б.Р.(25) од истото село, биле затекнати седум женски лица (танчерки), а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.

Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Во исто време била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.