Полицајци биле физички нападнати откакo откриле нелегален транспорт на дрва.

Како што информираат од СВР Битола вчера по претходна пријава за нелегален транспорт на дрва во село Пешталево, прилепско, полициски службеници пред куќата на Б.Ж. затекнале товарно моторно возило од кое непознати лица растоварале бесправно сечени огревни дрва. При преземање на службени дејствија тројцата полициски службеници биле физички нападнати и се здобиле со повреди.

При тоа едно лице влегло во возилото и го напуштило местото на настанот. По преземени мерки З.В.(44) од село Пешталево е лишен од слобода. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок- додаваат од полицијата.

Ка.М.