Во кумановската полиција во попладневните часови на 12 август било пријавено дека во општата болница во Куманово била донесена 40-годишната Г.Т. од САД со повреди од огнено оружје.

По преземени мерки и извршени разговори, полицијата утврдила дека нејзиниот роднина Ш.М. (30) од липковското село Оризаре, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.