Полицаец зел поткуп од 20 евра од холандски државјанин на патот Маврови Анови – Дебар.

Како што информира МВР, А.Б.(50) полициски службеник вработен во Регионален центар за гранични работи Запад, во саботата околу 16.20 часот, надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му зел поткуп од 20 евра.

Против А.Б. е поднесена пријава за злоупотреба на службената должност.