Вчера, во 12.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во спортско игралиште во кругот на основното училиште „11 Октомври“ на улицата Никола Карев во Скопје избувнал пожар во кој биле опожарени вештачка трева и мотокултиватор.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица и нема повредени лица. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.