Изутринава во 3.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково, објект во кој престојувал М.С.(53) од Скопје, но во моментот не бил во него. Во пожарот објектот целосно бил опожарен, а повредени лица нема.