Попладнево, кај новиот градски пазар во Битола избувна пожар.

Засега непознати сторители ги запалиле стрништата кај пазарот, при што огнот почнал брзо да се шири поради ветерот.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот е локализиран и не е дозволено да се прошири кај околните куќи. М.М.