Околу 17 часот голем пожар избил на улицата Цветан Димов во населбата Чаир во Скопје.

Огнот до овој момент, според МВР, има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница.

– Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ – известуваат од МВР.

На терен се излезени 8 противпожарни возила кои се справуваат со огнот, а причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната.