Во полицијата синоќа во раните утрински часови било пријавено дека настанал пожар во кругот на фабриката „Железара“, при што бил зафатен погон на фабриката за пластика и цвеќиња.

Од МВР велат дека од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил целосно изгаснат.

Повредени лица нема, а увид ќе се врши во текот на денот.