Во битолската полиција во попладневните часови на 5. ноември било пријавено дека при работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2, настанал пожар на прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа.

Инцидентот се случил во атарот на село Новаци, по што четворица работници од АД „МЕПСО“ завршиле во Клиничката болница во Битола.

По извршените прегледи, докторите им констатирале лесни повреди и тие биле пуштени дома.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.