Пожар избувнал претпладнето во стан на улицата „Никола Карев“ во скопската населба „Пролет“, јавува МИА.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е пријавен кај нив околу 11 часот и оти интервенирале со три возила и осум пожарникари.

Пожарот е изгаснат околу 12.20 часот.