Вчера околу 14 и 30 часот на улица „22 декември“ во Кичево, во движење се случи пожар во ПМФ марка „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лицето Б.Д. (51) од Кичево.

По брзата интервенција на екипа на ТППЕ Кичево пожарот е изгаснат. При овој пожар нема повредено лице, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

З.А.