Фото: Зоран Антоски

Рано утринава во 4.50 часот, во полициска станица Кичево пријавена е експлозија на плинска боца и самозапалување на ПМВ марка „Фолсваген-Поло“ со кичевски регистерски таблици.

По експлозијата на плинската боца во возилото, со изгореници се здобил З.Р.(26) од Кичево, кој веднаш бил пренесен во Општата болница во овој град. Благодарение на вработените во блиската бензиска пумпа на улица 11-Октомври, пожарот во внатрешноста на автомобилот бил изгаснат.

Причините за пожарот и направената штета дополнителоно ќе се утврдуваат-известија од СВР-Охрид. З.А.