Десет компјутери, монитори и инвентар изгореа во пожар што рано утрината избувна во куќа во скопското село Љубош.

Пожарот, како што информира полицијата, избувнал во долниот кат од куќата кој бил даден под наем за да биде интернет кафе.

Куќата е сопственост на 84-годишниот Ф.Б, а долниот кат му бил даден под наем на 30-годишниот Ј.К.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.