Итна интервенција на пожарникарски екипи е забележана вечерва во центарот на Скопје, спроти „Рекорд“, објави „Макфакс“.

Според информациите на „Макфакс“, пожарот избил во зграда која се наоѓа во непосредна близина на автобуската станица, кај Фондот за иновации.

Огнот зафатил два стана на вториот кат на зградата. Пожарникарите кои на местото се со неколку возила, успеваат да го држат пожарот под контрола и изгледа како тој да е локализиран, а може да се забележи и полициско присуство.

Засега нема информации за повредени, ниту за предизвиканата материјална штета.

Иако околу зградата се насобрани голем број луѓе, сообраќајот во овој дел од градот се одвива нормално.