На покривот од седумкатна зграда во Тетово околу 16 часот избил пожар. Пожарникарите се уште се борат да го изгаснат огнот.

Засега нема информации за повредени, но неколку возила на итната помош носеле станари во болница.

Зградата се наоѓа на булеварот „Илинден’ спроти судот.