Фото: Илустрација

Утрово околу 04.40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на улицата „Мајор Чеде“. Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.

-Од извршениот преглед кај лицето З.М. биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот, кај А.С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шестмесечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад, велат од МВР.

Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.