Пожар избил во соба од затворско одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка“ на улицата „Индира Ганди“ бб. Опожарени биле 15 квадратни метри.

Од Територијалната пожарникарска бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека во гаснењето на пожарот интервенирале со пет возила и 11 пожарникари.

Предизвиканата материјална штета се проценува на околу 60 илјади денари.