Пожар во куќа во прилепското село Дабница бил пријавен вчера во полиција во попладневните часови.

Како што информираат од МВР, пожарот избил во дом на 66-годишник при што изгорела покуќнина и сточна храна.

Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а увид извршила полициска екипа од овој град.