Во гаража зад Основниот суд во Струмица попладнево избувна пожар при што се слушаат силни пукотници и се издига чад. За гаснењето на пожарот на терен интервенираат две противпожарни возила и десетина пожарникари.

Според првичните информации, станува збор за гаража позади судската зграда во Струмица во која најверојатно е сместен одземен пиротехнички материјал.