Фото: Илустрација

Во пожар кој избувна вчера во атарот на селото Вевчани опожарени се три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга-Лабуништа, при што биле опожарени вкупно 7.500 лозници.

Како што соопшти денеска МВР, пожарот избувнал од 12 до 12.45 часот, а бил локализиран во 16:30 часот од екипа на Противпожарната единица Струга.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.