Пожарникари со три противпожарни возила интервенираат во гаснење на пожарот што доцна попладнево изби во Вардариште во населбата Ново Лисиче.

Од Противпожарната бригада наведоа дека гори отпадот на Вардариште, како и дека најверојатно пожарот е подметнат од несовесни граѓани.