Пожарникарите неуморно се борат против пожарите кај Пехчево кои избија вчера. Екипите испратени на терен вложуваат големи напори за да го стават огнот под контрола.

Истовремено пет хеликоптери учествуваат во гаснењето на пожарот. А тим од 25 пожарникари испратени од Бугарија вчера се вклучи во акцијата за справување со огнената стихија.