Нема повредени лица во пожарот што избувна изутрината околу четири часот во куќа во тетовското село Дебреште, информира Министерството за внатрешни работи.

Во пожарот во куќа во сопственост на И.Т.(59), се зафатени приземјето, гаража и патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во гаражата.

Од полицијата информиарат дека околу два часот по полноќ избувнал пожар и во викенд куќа во скопското село Горно Нерези, во кој нема повредени.

Двата пожара се изгаснати од противпожарни екипи. Увиди ќе се направат во текот на денов.