Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) и С.М.(31), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“.

Како што соопшти денеска МВР, Б.Д.  набавил 1.184 грама  марихуана и 55 таблети диоксиметамфетамин и на почетокот на септември ги сокрил во гаража на второпријавениот С.М..

Дрогата била пронајдена и одземена на 25.09.2018 година при претрес на полициски службеници во домовите на пријавените.