Завчера во утринските часови во Полициската станица Кичево, Ф.Х.(48) од кичевското село Поповјани, пријавил дека под неговото патничко возило „фолксваген пасат“ имало рачна експлозивна направа.

Веднаш по добивање на пријавата, направата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димовски.