Фото: Зоран Антоски

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени сознанија, извршија контрола кај правно лице чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот пронајдени се и одземени пиротехнички средства, по што кај правното лице, по наредба од Основен суд Кичево, извршен е претрес во домот и други простории, каде е пронајдена количина од 36.576 парчиња пиротехнички средства кои се запленети. Против управителот кој е приведен поднесена е соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.