По одлука на Апелација, Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од Катица Јанева, со која поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство бараше да се брани од слобода, јавуваат повеќе медиуми.

Нема рок во кој Кривичниот совет би требало да одлучи, но се очекува одлуката да биде донесена набрзо бидејќи станува збор за притвор.