Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот „Тврдина 2“  ќе биде повторен.

Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство. 

Грујевски беше осуден на казна затвор од година и пол во отсуство за уништувањето на документацијата поврзана со прислушувањето.

Апелација ја потврдила условната казна за службеничката која поднесе жалба на пресудата.