Фото: Зоран Антоски

Завчера околу 21.20 часот на улица „11 –ти Октомври“ во средиштето на Кичево повреден е пешак, откако во него удрило возило „Фиат Мареа“ со кичевски регистарски ознаки управувано од И.К.( 54) од село Другово.

Повредениот А.М.( 61) од село Шутово пренесен е во Општата болница во Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увидна екипа на МВР извршила увид на местото на настанот, за да се утврдат причините за оваа незгода. З.А.


Автомобил излета од патот Демир Хисар-Кичево, двајца повредени

Две лица се тешко повредени откако со возилото излетале од патот Демир Хисар-Кичево во атар на селото Сопотница, Демир Хисар.

Во незгодата патничко мотрно возило „поло“ управувано од Г.Н(42) од Кичево излетало од коловозот при што возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека совозачот Х.С(41) се здобил со повреди. Увид извршила увидната екипа на Полициска станица Демир Хисар.