Полицијата информира дека вчера во 16.20 часот во село Кадино, Скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од село Кадино, удрило во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија.

Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.